M-р Марјан Додовски, избран за в.д. претседател на ВМРО-НП 2009-01-20
Центраниот Комитет на ВМРО - Народна партија на својата седница одржана на 27.12.2008 година,во Штип, м-р Марјан Додовски го избра за в.д. претседател на ВМРО-НП.
м-р Марјан Додовски
Дата и место на раѓање: 19. 06. 1966, Скопје Образование: Природно-математички факултет, Институт за географија, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје; Магистер на географски науки-туризмолог. Магистерски труд “Природното богатство на Република Македонија како услов за развој на туризмот” - Природно-Математички Факултет-Скопје на Институт за географија, насока Географски основи на планирањето на туризмот. - 2004 година
СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-НП, Штип, 2008-12-27
Седницата на Централниот Комитет на ВМРО-Народна партија, се одржа во Штип на 27.12.2008 година, во големата сала на општина Штип. Седницата започна во 12.30 часот, а ја водеше работно претседателство во состав г-дин Марјан Додовски-потпретседател, г-дин Звонко Цветковски-генерален секретар на партијата и г-дин Зоран Костовски в.д. претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-Народна партија во Штип.
Ѓорѓи Тpeндафилов исклучен од членството на партијата 2008-12-02
Извршниот Комитет на ВМРО – Народна партија на својата седница одржана на 02.12.2008, од членство го исклучи Ѓорги Трендафилов. Членот Ѓорѓи Трендафилов за време на вршењето на функцијата претседател на ВМРО-НП со своето поведение и неактивност и нанесе огромна и ненадоместлива штета на партијата ...
НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ ОДНАДВОР ДА НИ ЈА ДИКТИРААТ ЕКОНОМИЈАТА - говор на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски Струмица 2006-06-30
Не дозволуваме однадвор да ни ја диктираат економијата!
Деновиве ги читам програмите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на уште петнаесетина политички партии, објавени во медиумите. Меѓутоа, има еден недостаток во тие програми. Проблемот лежи во тоа што во нив нема храброст, недостига срце. Тоа е нешто што не можете да го напишете, туку нешто што само можете да го спроведете на дело. Зошто велам дека нема храброст?! Затоа што, не дај Боже да победи СДСМ или, пак, ВМРО-ДПМНЕ, најотворено велам, почитувани граѓани на Струмица, почитувани Македонци, нивните убаво напишани програми ќе траат само една недела. До моментот кога ќе им дојдат претставниците на ММФ и на Светската Банка и ќе им кажат дека имаат многу добри програми, но отсега ќе работат според нивната.
ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ БЛАГОСОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА - говор на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски Кочани 2006-06-29
За само една година ќе ја вратиме благосостојбата во Македонија!
Добро вечер Кочани! Ако ги погледнеме спотовите што се вртат во последните два дена, и оние на СДСМ и оние на ВМРО-ДПМНЕ, ќе забележиме дека и едните и другите веќе ги запоставија претствувањеата на нивните ИЗБОРНИ програми, туку едноставно одат на тоа кој повеќе ќе го исплука противникот и гледаме само негативни кампањи. Што украле тие од ДПМНЕ, што украле тие од СДСМ, колку станови има овој од ДПМНЕ, колку пари украл од СДСМ?!
ПРЕПОЗНАЈТЕ ГО МАКЕДОНСКИОТ ВМРО-ОВСКИ ГЕН! - говор на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски Виница 2006-06-28
Препознајте го македонскиот ВМРО-вски македонски ген!
Добровочер Виница! Не ли почнаа овие парламентарни избори да ви наликуваат на евровизија , а не како на битка на аргументи?! Второто нешто што станува се позабележително е тоа силното удирање в гради, кој повеќе е посилен, кој од нив двајцата веќе е прогласен за победник! Ту тоа е СДСМ е победник, ту ВМРО-ДПМНЕ е победникот. Наводно, од тоа кој каква економска програма промовирал, таму треба да гледаме кој е посилниот, кој ќе слави на 5-ти јули?! Имам чувство дека тие сакаат самите себеси да си дадат кураж, да се охрабрат. Бидејќи во отсуство на сопствени визии, немајќи свои идеи, немајќи свои автентични јавни настапи, со удирањето в гради, тие ќе станеле многу силни.
ЈА ДОНЕСОВМЕ И ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА! - говор на лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски Велес 2006-06-27
Ја донесовме и повторно ќе ја вратиме демократијата во Македонија!
Се наоѓаме речиси една седмица пред одржувањето на овие парламентарни изборите. И она што мене посебно ме загрижува е тоа што во целата кампања досега, ниту една политичка партија во Република Македонија не кажа дека ќе се бори за демократија. И не само овие неколку недели во кампањата, туку и воопшто минатите четири години ниту еднаш не чувме од некого дека ќе се бори за демократијата. А што се случи во источна Европа пред шеснаесет години? Зошто падна комунизмот?! Тој не исчезна заради едно парче леб повеќе, туку беше поразен затоа што луѓето немаа слобода, затоа што немаа демократија.
ГЛАСАЈЌИ ЗА ВМРО-НП, ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ НАДЕЖТА! - говор на лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски Делчево 2006-06-26
Гласајќи за ВМРО-Народна партија, во Македонија ќе ја вратите надежта!
Добровечер мое Делчево, добровечер Македонијо! На 5-ти јули победник ќе биде само оној кому македонскиот граѓанин ќе му го даде својот глас. Ниту овде во Делчево ние однапред не се фалиме дека ќе победиме и покрај тоа што гледам толку многу народ! И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ, пред една недела овде собра одвај пеесетина души, а како што се најавува СДСМ нема ни да има митинг овде.
ГЛАСАЈТЕ ЗА ОНЕ ШТО ИМААТ ИДЕЈА И ДОКАЖАЛЕ ДЕКА ЗНААТ ДА ПОБЕДУВААТ! - говор на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски Прилеп 2006-06-25
Гласајте за оние што имаат идеја и докажале дека знаат да победуваат!
Вечерва пред вас, овде во Прилеп, ги претставивме старите пратеници. Ја претставивме најдобрата екипа, тринаесетмината пратеници, како што немала никоја друга политичка партија од почетокот на демократијата во Македонија! Нашиот тим еднаш покажа резултати и ги видовме најквалитетните луѓе. Заедно со новите, ние денес сакаме сите заеднички да ве повикаме на 5-ти јули да излезете масовно и да ја поддржите нашата опција. Да го поддржите изворното ВМРО и сите заедно да се радуваме на новата народна влада на Македонија.
НАШАТА СИЛА Е ВО НАШАТА ИДЕОЛОГИЈА - говор на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски Битола 2006-06-24
Нашата сила е во нашата идеологија!
Добровечер Битола! Секогаш кога ќе се сретнеме со ваква атмосфера, не можеме да не бидеме горди, не можеме да не се чувствуваме силни, затоа што сеуште има живот во Македонија, затоа што сеуште има знаци на борба во Македонија, затоа што сеуште има граѓани на Македонија кои сакаат да се борат за неа! Кои сакаат да градат самостојна и независна Македонија и сметаат дека уште, и уште долго ќе бидеме со кренати глави. Нашата сила е во нашата идеологија, во нашите ставови, во нашите позиции, кои единствено во овие шеснаесет години се покажувале како исправни и дека се тие они што се остваруваат!
Благодарност до Европската Унија, за позитивната одлука на нејзините институции
ВМРО-Народна изразува благодарност, на Европската Унија, за позитивната одлука на нејзините институции, со која Република Македонија го доби статусот земја-кандидат за членство во Европската Унија. Одлуката е позитивна за Република Македонија
Пo повод 112 годишнината од формирањето на ВМРО, ВМРО Народна партија организира свечен прием на 07 ноември 2005 година, во Музеј на град Скопје, Скопје
Информација за состојби со Македонските шуми, октомври 2005 година
Состојбата со бесправните сечи и шумските кражби на македонските шуми во последната година а посебно последните месеци заземаат загрижувачки размери. Регистрирани се значителни зголемувања на прекршувања и деградирање на шумите и низа на девијантнтни појави во шумарството на целата територија во Република Македонија.